Мобилна апликација за помош на жртви на насилство.
Само за една секунда пратете СМС порака за помош која содржи повик за помош, адреса и локација на која се наоѓате.
Најважни функционалности:
- Можност за праќање на СМС порака за помош на СОС линијата дека сте во опасност;
- Можност да одберете личност или организација во која имате доверба, на која исто така можете да и пратите порака за помош;
- Именик на најважните броеви на институциите и организациите на кои можете да им се јавите директно преку апликацијата;
Други содржини:
- Основни права кои жртвите ги имаат и со кои треба да бидат запознаени;
- Совети кои на секоја жртва можат да и помогнат да се заштити од насилство и со тоа да за зголеми својата безбедност и безбедноста на своите деца доколку ги има;
- Корисни кратки видео-клипови за самоодбрана;
- Протокол за постапување, превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство
- Инструкции за користење на апликацијата.
- Бидете безбедни!
Bidi bezbedna !